Сидорф: Во културата на Барселона е да ги обвинуваат судиите

Барселона и Интер одиграа спектакуларен натпревар на „Ноу Камп“ кој заврши 3-3. Иако Барселона водеше, потоа Интер стигна два пати до водство, па Левандовски ја спасуваше Барселона со два гола, а потоа Тер Штеген му го одбрани ударот на Аслани и така спаси рана елиминација на Барса.

Но, и вака Барса е пред елиминација, особено ако Интер го совлада Плзен, тогаш Барса ќе продолжи во Лигата на Европа, што би било голем неуспех затоа што вложија многу во летниот преоден рок.

Во Барселона се лути на судењето на Марчинијак, а коментар на тоа даде екс играчот на Реал Мадрид, Кларенс Сидорф.

„Барселона ги обвинува судиите? Тие имаат навика на создавање притисок врз судиите, но Чави би требало да покаже почит. Истото беше и кога беше играч, но тоа е нивната култура. Тоа не поминува повеќе во ерата ВАР“, рече Сидорф. 

Се вчитува...