Сиетл Сторм се шампиони во ВНБА лигата

Кошаркарките на Сиетл Сторм ја освоија титулата во ВНБА лигата. Тие во третиот натпревар од финалната серија ги совладаа Лас Вегас Ејсис со 92-59 и со вкупни 3-0 стигнаа до нова титула во шампионатот.

За најкорисен кошаркар во финалната серија е избрана Бриана Стјуарт која целата мината сезона ја пропушти поради повреда, а одлучувачкиот трет меч го заврши со 26 поени и четири скока.

За Сиетл Сторм ова е четврта титула во клупската историја со која се изедначија на врвот на вечната листа со Хјустон Корнетс и Минесота Линкс.

Се вчитува...