Потпретседателот на Тениската федерација на Германија, Дирк Хордфорд откри дека има информации дека сите турнири на трева вклучувајќи го и Вимблдон ќе бидат откажани. Тој тврди и дека тениската сезона ќе биде продолжена дури на есен.
Во овој момент поради пандемијата од коронавирусот на сила е суспензија на сите професионални тениски турнири до 7. јуни, што значи дека по американската пролетна турнеја на тврда подлога, изгубена е и целата европска турнеја на земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА