Сити потврди: Мармуш го пропушта градското дерби со Јунајтед

Репрезентативната пауза донесе нов проблем за Пеп Гвардиола откако Омар Мармуш заработи незгодна повреда поради која ќе мора извесен период да отсуствува од терените. Офанзивецот го повреди коленото на мечот меѓу Буркина Фасо и Египет, а Манчестер Сити попладнево потврди дека проблемот не е наивен и дека египетскиот напаѓач дефинитивно ќе го пропушти неделното градско дерби со Манчестер Јунајтед.

„Можеме да потврдиме дека Омар Мармуш заработи повреда на коленото при репрезентативниот настап за Египет. Првичните резултати од лекарските прегледи потврдија дека тој дефинитивно нема да може да настапи против Јунајтед, а по враќањето назад во Манчестер ќе почне со рехабилитациска програма“, се вели во соопштението на англискиот фудбалски гигант.

Гвардиола и неговите соработници стравуваат од уште една подолга пауза откако Рајан Шерки исто така заработи незгодна повреда поради која ќе паузира најмалку уште еден месец.

Проблемот е уште поголем ако се знае дека Сити ведаш по дербито со Јунајтед го очекува и гостување против Арсенал во уште едно премиерлигашко дерби.

Се вчитува...