Скопје се враќа во битката за опстанок – Неочекуван триумф во Кратово (ФОТО + Видео)

Скопје се враќа активно во битката за опстанок во прволигашката конкуренција откако славеше со 0-1 на гостувањето против Силекс во Кратово во заостанатиот натпревар од 19. коло.

Сосема заслужено скопјани стигнаа до триумфот, искористувајќи го погодокот на Кофи Досех во 23. минута од средбата кој мајсторски реагираше по одбиената топка од голманот на домашните…, a по претходно извонредниот шут од далечина на еден од најдобрите на теренот, младинскиот репрезентативец Бенјамин Демир.

До крајот, домашните и покрај силните обиди не успеаја да стигнат до посакуваното израмнување.

По оваа победа Скопје сега има 16 бода на последното место, но со заостанување од само пет бода зад Пелистер и Победа. Силекс, пак, остана на третата позиција со 35 бода.

Се вчитува...