Скопско славје во „Младост“ – Феникс 2010 со сензационална победа против Гостивар

Феникс 2010 стигна до првата победа во Суперлигата откако на гостински терен славеше против Гостивар со 66-69 по продолжение. Гостите лошо го започнаа натпреварот по што имаа и двоцифрена негатива, но успеаја дс се вратат во игра до последната четвртина, имаа шанса и да победат во регуларниот дел, а откако не успеаја во обидот во регуларниот дел, славеа во продолжението.

Доброто отварање на средбата донесе двоцифрена предност за Гостивар по само четири минути игра (11-0), но како што минуваа минутите Феникс 2010 успеа да го наметне својот ритам. Серијата на Димитриески од 5-0 експресно ја намали негативата, а нему му се приклучија и Трајковски, Митревски и Вилијамс па домаќините имаа предност од 21-15 по 10. миинути игра. Изедначениот ритам продолжи и до крајот на полувремето, а и покрај тоа што„сино-белите“ ги одбија налетите на гостите за камбек, не успеаја да го вратат ритам од самиот старт па на „големиот одмор“ заминаа со предност од 37-30.

Отварањето на второто полувреме беше во знакот на одбраните, а гостите од Скопје благодарение на добриот финиш на третата четвртина успеаја да сведат негативата на само еден напад (46-44) со што наговестија интересна завршница. Во неа продолжи изендаченоста на двата дела од теренот, а десетте минути не беа доволни да се одлучи побендикот. При резултат 57-55, Тодоровиќ промаши две слободни фрлања, на спротивната страна изедначување донесе Вилијамс со положување, а последниот напад на 7 секунди до крајот им припадна на домаќините кои не успеаја да реализираат.

Дополнителните пет минути Феникс ги отврои со тројките на Михајлоски и Трајковски за предност од 57-63, нешто подоцна имаше и отворено положување во транзиција од Вилијамс со која разликата ќе се искачаеше на 59-67, но откако Американецот не успеа да реализира следеше казна од Гостивар. Ефремовски и Тодоровиќ погодија за три поени и донесоа ново изедначување (65-65). „Сино-белите“ пропуштија шанса и да поведат, но откако не успеаја тоа го искористи Митревски кој поените во рекетот донесе 66-69 на 20 секунди до крајот. Последниот напад повторно им припадна на домаќините, а гостиварци промашија два обида за нови пет минути.

Александар Тодоровиќ со дабл-дабл од 15 поени и 11 скока беше лидер на Гостивар, додека него го следеа Ефремовски, Гетлинг и Рансон со по 12. Со по 13 поени лидери на Феникс 2010 беа Павле Михајлоски и Џош Вилијамс, додека 12 поени додаде Петков.

Се вчитува...