Слатка победа за Интер против Наполи: Лаутаро Мартинез погоди ’пред да ѕвони’

Интер оствари минимална победа (1-0) против Наполи на „Џузепе Меаца“ славејќи со гол во судиското продолжение од дерби – мечот од 18.коло во Серија А. Лаутаро Мартинез во 90.минута го постигна победничкиот погодок на натпреварот, откако одлично реагираше во казнениот простор на противникот.

Претходно, Наполи остана со играч помалку во 82.минута поради исклучувањето на Калиду Кулибали во 82.минута, а Интер тоа знаеше да го искористи. По примениот гол, црвен картон во таборот на „наполитанците“ заработи и Лоренцо Инсиње.

Се вчитува...