Славје на Унион против Херта во градското дерби на Берлин (ВИДЕО)

Унион славеше над Херта со 2-0 во дербито на Берлин во 12. коло од германската Бундеслига. Домаќините ги решија дилемите околу победникот уште во првото полувреме. Прво Авонији донесе водство во 8. минута, додека на 2-0 зголеми Тримел во 30. минута.

До крајот на првиот дел за издвојување е поништениот гол на Пекарик во судиското надополнување. Гостите во вториот дел не успеаја да ја затресат мрежата на големиот ривал кој стигна до нови три бода.

 

 

Се вчитува...