Откако потпиша за Ливерпул, Уго Екитике игра навистина добро, а синоќа повторно постигна гол во победата на својот тим против Саутемптон во Карабао купот. Сепак го сврте вниманието кон себе поради црвениот картон кој го доби поради глупост.
Екитике имаше жолт картон, па потоа се реши да го соблече дресот, и доби втор жолт со што беше исклучен од наптреварот. На овој потег реагираше тренерот Арне Слот.
„Да, беше непотребно и глупаво. Првиот жолт картон беше непотребен, а потоа направи таква глупост… Мора да ги контролира своите емоции“, рече Слот.
Поранешниот играч на Ајнтрахт се реши да се извини за неговиот потег.
„Бев возбуден синоќа бидејќи му помогнав на тимот да постигне уште една победа, а тоа беше мојот прв натпревар во Карабао Купот. Бев преплавен од емоции. Се извинувам на семејството наречено Ливерпул. Благодарност до навивачите за нивната поддршка и до моите соиграчи за победата“, напиша Екитике на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

