Слот ја одби понудата: Би ми било чест, но ова не е момент…

Холандија се уште е без селектор откако беше донесена одлука да не биде продолжен мандатот на Роналд Куман, а Арне Слот потврди дека разговарал за оваа функција, но и ја одбил понудата од федерацијата.

Екс-тренерот на Феенорд е неколку месеци без ангажман откако доби отказ од Ливерпул, Слот беше на врвот на листата желби за нов селектор, но разговорите траеле многу кратко.

„Изминатите седмици многу се пишуваше на оваа тема, бројни медиуми дури тврдеа дека сум барал многу пари и долг договор. Ништо од тоа не е точно. Точно е само дека разговаравме, но тоа беше кратко, никогаш не стигнавме до пари и до должина на договорот. Вистината е дека јас се гледам во клупскиот фудбал, а не во репрезентативниот. Во оваа фаза од кариерата повеќе ми се допаѓа секојдневно да бидам крај теренот, крај своите фудбалери. Тоа не би било возможно со националниот тим. Имам огромна почит за луѓето во федерацијата, можам да кажам дека разговорите беа максимално професионални. Би ми било чест да бидам селектор на оваа репрезентација, но длабоко во себе чувствувам дека не е вистинскиот момент за такво нешто“, истакна Слот.

Се вчитува...