Ливерпул го урна рекордот за најскап трансфер во историјата на Премиер-лигата доведувајќи го Александер Исак, но шведскиот голгетер дефинитивно нема да биде стартер на неделниот дуел со Барнли.
Исак ги мина последните месеци штрајкувајќи во Њукасл за да го издејствува трансферот во Ливерпул, поради тоа воопшто не тренираше со екипата, што сега се одразува врз неговата физичка подготвеност.
„Ќе внимаваме со Исак исто како што тоа го правеа и во шведската репрезентација за време на паузата. Тој не мина предсезона на подготовки како сите останати фудбалери, затоа и не е максимално физички подготвен. Ќе го креваме на физички план постепено, така ќе расте и неговата улога. Немојте да очекувате тој да игра по 90 минути на натпревар, тоа сигурно нема да биде случај во наредните седмици. Нема да биде лесно во прв момент, но на луѓето треба да им биде јасно – ние не го доведовме Исак на две седмици, туку за да биде важен играч во нашиот тим во наредните шест години“, изјави Слот на денешната прес-конференција.
Десниот бек Фримпонг се врати во тренажен процес и ќе биде во комбинација за мечот со Барнли, но Слот поради повреда на неделниот дуел нема да може да смета на услугите на Куртис Џонс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

