Слот: Нема ништо позитивно по повредата на Леони

Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, младиот Италијанец Џовани Леони заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти во дебитантскиот настап за англискиот гигант.

Тренерот Арне Слот ја потврди лошата вест изјавувајќи дека Леони ќе биде надвор од теренот година дена, но и дека ќе има поддршка за враќање на позитивните патеки.

„Не сме во добро расположение. Леони ги скина предните вкрстени лигаменти и нема да може да игра околку година дена. Тој е многу млад, дојде во нова држава и во првиот натпревар одигра многу добро, но многу е тешко сега да извлечеме нешто позитивно од тоа.

Ништо не е позитивно во овие околности, но се обидуваш да се држиш за нешто. Во неговата ситуација факт е дека е многу млад и пред него има уште години и години фудбал откако ќе се рехабилитира од оваа грозна поведа“, изјави Слот.

Се вчитува...