Словенците го отпуштија Веселин Вујовиќ

Веселин Вујовиќ повеќе не е селектор на репрезентацијата на Словенија, откако претседателот на Ракометната Федерација на Словенија денеска објави дека ја прекинува соработката со црногорскиот стратег. Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека дел од клучните ракометари на словенечкиот национален тим се заканиле со неиграње на ЕП 2020 доколку Вујовиќ остане селектор, а по вчерашниот „кризен состанок“, денеска беше официјализирана разделбата од „Вујо мајсторе“.

„На денешниот состанок, раководството на Ракометната Федерација на Словенија донесе едногласна одлука да ја прекине соработката со селекторот Веселин Вујовиќ, кој седеше на клупата на нашиот национален тим од мај 2015. Под негово водство словенечката репрезентација оствариодлични резултати, трето место на СП 2017 и шесто место на ОИ во Рио де Жанеиро. Сепак, чувствуваме дека е дојдено времето за промени за словенечкиот ракомет да се задржи на високо ниво“ – изјави првиот човек на федерацијата, Фрањо Бобинац.

Словенците најавија дека името на новиот селектор ќе го обелоденат најдоцна до средината на месец декември. Оваа репрезентација e дел од групата Ф на претстојниот европски шампионат, заедно со селекциите на Шведска, Полска и Швајцарија.

Се вчитува...