Случај Денис Тот: Притвор за осомничените за убиството на ракометарот на Бутел

Осомничените за убиството на ракометарот на Бутел, Денис Тот, ќе ги минат следните триесет дена во притвор, чекајќи го судскиот процес против нив по трагедијата во која животот го загуби хрватскиот интернационалец.

Како што информира ФОКУС, судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на двајцата осомничени за убиство на хрватскиот ракометар, Денис Тот заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата. Притворот се однесува на 22-годишниот А,К. и на 19-годишната К.Л., за кои преку видео снимките од кобната вечер беше утврдено дека физички го нападнале починатиот Тот.

Првоосомничен за убиството останува 28-годишниот А.Ѓ., по кого МВР се уште трага бидејќи се наоѓа во бегство по убиството.

Се вчитува...