„Со Рафа може да се игра, додека со Новак и Роџер…“

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини оцени дека Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се практично непобедливи кога се на највисоко ниво, додека со Рафаел Надал може да се игра. Србинот, Швајцарецот и Шпанецот доминираат со тенисот скоро две децении и малку кој успеал да ги добие кога го играа својот најдобар тенис. Сепак, Фоњини може да се пофали дека го добил Надал на земја, во полуфиналето во Монте Карло минатата година.

„Кога Роџер и Новак се на врвот, многу е тешко. Играат брзо, не ни оставаат простор за игра. Со Рафа е подруго. Може да те уништи во размена, но со нив може да се игра“, изјави Фоњини. 

Италијанецот во моментов е на 11. место на АТП листата, а во кариерата досега има освоено 11 трофеи, меѓу кои највреден е тој кој го освои во Монте Карло минатата година.

Се вчитува...