Со самоук тренер до грен-слем титула: Софија Кенин благодарна на татко и

Подемот на Софија Кенин во светот на тенисот станува уште поголем кога ќе се осознае фактот дека до првата грен-слем титулата во кариерата дојде со помош на татко и кој и е тренер, а нема никаква формална тренерска едукација. Кога увидел дека Софија има голем талент решил да не ангажира „професионален“ тренер и со негова помаш таа била постојано во врвот во јуниорските категории.

„Тој реши мојата кариера да му биде професија. Едноставно, ги разбира работите и секогаш го има вистинскиот план и стратегија. Ги научи сите работи преку искуството. Тој е лудо паметен“ – вели Кенин зборувајќи за татко и.

Алекс Кенин е Русин од Москва кој во 1987 година се преселил во Њујорк, работел како возач на популарните жолти такси возила пред да стане компјутерски консултант, а потоа кариерата на ќерката му станала професија. Тенис играл само за забава кога бил млад додека живеел во Москва и како што раскажува „воопшто не бил добар“.

 

 

Се вчитува...