Четворица поранешни фудбалери на Металург, кои имаа шестмесечна суспензија во Македонија, добиваат право на настап, откако делегатите на Собранието на ФФМ ја укинаа претходната важечка одлука што ја побара ФК Металург, тие да немаат право на настап на домашната сцена во траење од шест месеци.
Со одлука за вонредно ублажување на суспензијата, фудбалерите Виктор Ангелов, Стефан Јевтовски, Филип Ристовски и Дејан Додевски, добиваат право за настап. За оваа одлука потврдно гласаа 93 делегати од Собранието на Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА