Согласно најавите: Со Пандев и Трајковски во нападот против Германците

Согласно очекувањата, македонската репрезентација со Горан Пандев и Александар Трајковски ќе биде во нападот од стартот на квалификацискиот натпревар против Германија во третото коло од групата за пласман на СП 2022 во Катар.

Пандев и Трајковски поддршка во средниот ред ќе имаат од Елиф Елмас, Аријан Адеми и Енис Барди, а по страничните позиции ќе бидат Езгијан Алиоски на левата страна, како и изненадувањето Бобан Николов кој ќе игра на десната бековска позиција.

Во одбраната, како централни дефанзивци ќе бидат Дарко Велковски, Висар Муслиу и Стефан Ристовски пред голманот Столе Димитриевски.

И Германците се главно во најавениот состав, во 4-3-3 формација со Габри, Хаверц и Сане во нападот, а со поддршка од Горецка, Кимих и Гундоган во средниот ред.

 

Се вчитува...