Соиграчите на Шик пробаа да го повторат неговиот гол од пола терен на ЕП, само на еден му успеа (ВИДЕО)

Патрик Шик од Чешка, е стрелец на најубавиот гол на Европското првенство 2020 година, кое се одржа во јуни оваа година. Чешкиот напаѓач на дуелот со Шкотска погоди од пола терен, гол кој беше прогласен за најубав по завршувањето на ЕВРО 2020.

Интересна ситуација на тренингот на Баер Леверкузен, каде што тројца соиграчи на Патрик Шик пробаа да го копираат неговиот гол. Станува збор за Мичел Бакер, Флоријан Вирц и Муса Диаби. По неколку обиди, тоа му успеа само на Бакер кој што успеа да го повтори голот на својот соиграч на тренинг.

Се вчитува...