Соседското дерби ќе одлучи дали ќе продолжи прволигашкиот сон на Ангели

Прволигашката кошарка продолжува денеска со четири натпревари од кои три во плеј-аутот и еден во Суперлигата. Најинтересна ќе биде средбата во Кислеа Вода каде од 18 часот соседскиот дуел помеѓу Академија ФМП и Ангели ќе одлучува за прволигашкиот статус на новајлијата.

Составот на Боби Митев мора да слави против „академиците“ во дуел во кој домаќините немаат резултатски императив, но притоа во полза да им биде и резултатот од средбата од 18:30 во „Перо Наков“ помеѓу Куманово и Кожув каде домаќините мораат да слават победа. Покрај овие два меча од 18 и 30 минути ќе биде одигран и натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје 2.

Од 18 часот во „Јасмин“ ќе биде одигран единствениот натпревар од 7. коло во Суперлигата во кој вицешампионот ќе се сретне со актуелниот првак. Еуро Никел се наоѓа во серија од три порази во низа со што „виси“ пласманот меѓу најдобрите четири тима во првенството па овој натпревар од далеку поголемо значење за кавадрачани.

МЗТ Скопје пак се наоѓа во одлична форма со пет победи едно по друго, а во Кавадарци оди на уште една победа за продолжување на трката со Пелситер за врвот на табелата кој носи и домашен терен во разигрувањето.

Седмото коло од Суперлигата ќе биде комплетирано утре со натпреварите помеѓу ТФТ и Пелистер, односно Феникс 2010 и Гостивар.

Се вчитува...