Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Астон Вила вечерва од 21 часот ќе се сретнат во Суперкупот на Европа што ќе се игра на „Ред бул“ арената во Салцбург.
Двајцата тренери се соочуваат со огромни проблеми со составот. „Светците“ на Луис Енрике ќе го нападнат трофејот без Дембеле, Фабиан Руиз и Баркола во стартната постава. Кај Французите од првата минута ќе дебитира засилувањето Аклиуш.
Од друга страна, Унаи Емери остана без речиси половина екипа. Баскискиот стручњак за овој важен дуел не може да смета на Мартинез, Колса, Воткинс, Бејли и Манзамби. Иако имаше најави за настап, Абрахам и Гарначо не се најдоа ниту на клупата за резерви на Астон Вила.
Астон Вила:
Бизо, Кеш, Линделоф, Пау Торес, Матсен, Камара, Жоао Гомез, МекГин, Буендиа, Маџо, Хенингс
ПСЖ:
Сафонов, Хакими, Пачо, Маркињос. Нуно Мендез, Жоао Невес, Витиња, Заир-Емери, Кварацкелија, Дуе, Аклиуш
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
