„Спартанците“ пред најголемиот предизвик: Против Данска за финале во Европската лига!

Македонската репрезентација вечерва од 19 часот ја очекува секако најголемиот[two_third last=”no”]…[/two_third][two_third last=”no”]…[/two_third] сезонава, полуфиналето од Европската одбојкарска лига. Против домаќинот Данска „спартанците“ вечерва во Копенхаген го трасираат патот за големото финале и потоа остварување на амбицијата со која се отпатува на завршниот турнир – златниот медал во Европската лига!

Огромните се надежите во нашите редови дека може да се стигне до најголемиот успех досега на македонската одбојка, пред се и поради импресивниот настап во групната фаза од натпреварите низ кои беа запишани шест победи на исто толку натпревари.

Данска апсолутно не е непознат противник за нас. Токму затоа е најевена отворена борба низ која ќе се даде максумот да се стигне до целта, без разлика на тоа што Данците ќе ја имаат предноста на домашниот терен…

Веќе кажав дека наша цел мора да биде освојување на златото, бидејќи поседуваме и квалитет и искуство за такво нешто. Данска е ривал што го почитуваме, воопшто не е наивен, но тие го немаат променето играчкиот кадар од ланската сезона. Од досегашните шест средби имаме пет победи и еден пораз, тоа ни дава верба дека и овојпат ќе успееме да славиме“ – истакна претходно Никола Ѓорѓиев во пресрет на овој фајналфор турнир.

Во вториот полуфинален натпревар од Европската лига, претходно од 16 часот, ќе играат Шведска и Украина.

Се вчитува...