Спортинг водеше, а потоа Адан му подари победа на Марсеј (ВИДЕО)

Одличниот влез во натпреварот и водството од 0-1 уште во 1. минута, Спортинг не го материјализираше со победа на „празниот“ Велодром во Марсеј. Тринкао донесе водство за Португалците и се чинеше дека прават огромен чекор кон триумфот.

Меѓутоа потоа на сцена стапи голманот Адан кој практично му подари победа на Марсеј. Најпрво прими гол по неговата грешка, откако во обидот да исфрли топка, го погоди Санчез и топката влезе во мрежата. Три минути подоцна Харит донесе 2-0, а својот лош настап во Франција, Адан го заокружи со црвен картон во 23. минута.

Во 28. минута Балерди со глава го најде патот до мрежата третпат за Марсеј за водство од 3-1. Мбемба во 84. минута само ја потврди победата на домашниот тим.

Мечот во Марсеј доцнеше 15 минути поради доцнење на автобусот на Спортинг, кој беше пресретнат од гостински фанови. Дуелот се играше пред празни трибини поради казната на Олимпик Марсеј.

Се вчитува...