Спортисти од Камeрун исчезнаа во Австралија

Официјалните лица од Камерун, објавија дека осум нивни спортисти исчезале од кампот во кој што биле сместени на Ихгрите на Комонвелтот во Австралија, а двајца воопшто не се појавиле на натпреварите.

Петмина боксери и двајца дигачи на товар, го напуштиле селото на австралискиот Златен брег во претходните три дена. Шефот на камерунската репрезентација, Виктор Агбо Нсо, вели дека за случајот е известена австралиската полиција.

Овие спортисти беа дел од тимот во тренинг кампот, но само шестмина се појавија на натпреварите, а двајца не дојдоа“ – изјави Нсо.

Федерацијата на игрите на Комонвелтот ја потврди „емиграцијата“ на камерунските спортисти изразувајќи разочарување од ваквата ситуација.

Тие спортисти се гости во Австралија и тие и понатаму имаат визи и право слободно да се движат. Загрижени сме поради безбедноста на спортистите и тоа е многу сериозен случај“ – изјави извршниот директор Дејвид Гривемберг.

Организацискиот одбор на Игрите не е изненаден од ситуацијата со напомена дека тоа се случувало и на други натпреварувања.

Се вчитува...