Одлуката од Комисијата за натпревари на ФФМ околу жалбата на Академија Пандев за прекршување на правилата и пропозициите за натпревари на мечот со Шкендија во Тетово ќе биде донесена во петок.
Во Комисијата на ФФМ постојат спротиставени мислења на членовите во истата околу тоа дали се прекршени или не пропозициите за натпреварување во Првата лига на спомнатиот меч од викендов кој заврши со триумф на Шкендија од 1-0. Токму поради тоа, оставена е дополнителна правна анализа по што одлуката ќе биде донесена во петок.
Како што е познато, македонскиот прволигаш Академија Пандев вложи жалба до Натпреварувачката комисија при ФФМ за натпреварот против Шкендија, кој заврши со резултат 1-0 за тетовци, поради неправилен настап на фудбалер под 21 година во првото полувреме од средбата. Струмичани бараат мечот да биде регистриран со службен резултат 0-3 во нивна корист, и Шкендија да биде предадена на Дисциплинската комисија при ФФМ.
ПОВРЗАНО: Што содржи жалбата на Академија Пандев!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА