Срна: УЕФА ни помогна, но ФИФА го уништи Шахтјор

Украинскиот Шахтјор Доњецк во среда ќе му гостува на Реал Мадрид во натпревар од 3. коло во новата сезона од Лигата на шампионите. Тимот од Доњецк кој поради добро познати причини не игра на свој терен по првите две кола веќе има четири бода на своето конто.

Спортскиот директор на клубот, Хрватот, Дарио Срна вели дека УЕФА многу му помогнала на овој клуб, но затоа ФИФА на некој начин се обидува да го уништи.

„УЕФА преку Чеферин направи се што може како би ни помогнала нам и на украинскиот фудбал. ФИФА од друга страна буквално не уништи. Не не заштити во ниту еден момент. Да се Реал Мадрид, Севилја, Барселона или Баерн да се најдеа во слична ситуација на нашата сигурен сум дека брзо би им помогнале“, изјави Срна. 

Се вчитува...