„Стаклениот“ Нејмар се жали на третманот: Зборат дека сум размазен…

Нејмар пристигна на „Паркот на Принцовите“ како завршна коцка од „слагалицата“ на арапските сопственици со намера да се освои Лигата на Шампиони, но три и пол години подоцна од одушевување приказната стигна до постојана нервоза.

Постојаните повреди на „стаклениот“ Нејмар во клучниот период од сезоната и дуелите во разигрувањето од ЛШ скапо го чинеа ПСЖ во претходните сезони. Во 2018 година, Бразилецот се повреди пред осминафиналето против Реал Мадрид, следната година од трибините ја проследи елиминацијата од Манчестер Јунајтед, а претходната сезона му беше на располагање на Томас Тухел и клубот од Париз стигна до финалето.

Оваа сезона напаѓачот повторно нема да настапува за својот состав на двомечот против Барселона поради повреда на кукот, а француските медиуми целата приказна ја поврзаа со постојаните повреди на 29-годишникот пред роденденот на неговата сестра.

За целата ситуација се огласи и самиот Нејмар…

„Тагата е преголема, болката неизмерна, солзите не престнуваат. Повторно, на кратко, ќе престанам да го правам она што го сакам највеќе во животот, а тоа е играње фудбал. Понекогаш не се чувствувам сигурно поради стилот на игра, бидејќи дриблам и стално ме напаѓаат. Не знам дали е проблемот во мене или поради тоа што го правам на теренот. Само ме растажува што морам да ги слушам противничките играчи, тренери и коментатори или кој уште не, како зборат дека мораат да ме „пребијат“, дека често паѓам, дека сум плачко, дека сум размазен… Искрено, не знам уште колку долго ќе можам тоа да го трпам. Само сакам да бидам среќен кога играм фудбал. Ништо повеќе“ – објави на својот Инстаграм профил Бразилецот.

 

Се вчитува...