Стана светски првак со Германија, а сега ќе игра во шестата лига!

Кевин Гроскројц, некогашниот играч на Борусија Дортмунд и на германската репрезентација, падна уште едно ниво во Германија, и од следната сезона ќе игра во шестата лига на оваа земја. Тој потпиша договор со Вакер Оберкастроп, кој се наоѓа во близина на неговиот роден град Дортмунд.

34-годишниот Гроскројц беше дел од Германија во 2014 година кога селекцијата го освои Мундијалот во Бразил. Тој беше дел од Борусија Дортмунд од 2009 до 2015 година, со кој освои две титули.

По завршувањето на кариерата во Дортмунд, фудбалерот потпиша за Галатасарај, но не одигра ниту еден меч. Потоа се врати во Германија и играше за Штутгарт, но набрзо беше избркан поради тепачка во кафеана и други инциденти надвор од теренот.

Во моментов овој фудбалер е дел од Бовингхаузен, каде што ја извршуваше функцијата фудбалер и тренер. Следниот меч ќе биде на трибините со оглед дека доби црвен картон на последниот меч.

Се вчитува...