Станковски: Го изненадивме Вардар на стартот со двата брзи гола

Работнички не го стартуваше најдобро пролетниот дел од првенството, но првиот триумф го оствари во вистински момент, совладувајќи го актуелниот шампион Вардар со 2-1 на арената „Филип Втори“. Тренерот на „романтичарите“, Горан Станковски, секако, е задоволен од изданието на својот тим и трите бода.

„Не стартувавме според желбите оваа пролет, но затоа денеска одигравме токму онака како што се договоривме. Фудбалерите го исполнија комплетно планот што го договоривме пред мечот и го нападнаа Вардар уште од самиот старт. Двата брзи гола мислам дека го шокираа противникот, и тоа беше клучниот момент на ова дерби. Одигравме цврсто, конкретно, бевме одговорни на теренот и успеавме да го сочуваме водството до самиот крај. Верувам дека овој наш тим може уште подобро во наредните натпревари, триумфот над Вардар сигурно ќе ја крене и мотивацијата за нови добри игри“, изјави Горан Станковски по триумфот над Вардар.

Се вчитува...