Станковски: Испуштивме триумф против Шкупи

Работнички не издржа до крај на дуелот со Шкупи и прими гол во 90.минута, пропуштајќи шанса да оствари важен триумф во борбата за излез на европска сцена. Но, тренерот Горан Станковски, сепак, вели дека е задоволен од залагањето на фудбалерите и изданието на својот тим.

„Можеме да жалиме, во самиот финиш го испуштивме водството против Шкупи. Но, одиме понатаму, не можам да не бидам задоволен од изданието на тимот. На тешкиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ сите фудбалери го дадоа својот максимум против еден квалитетен противник како Шкупи. Ќе продолжиме во ист стил и на наредните натпревари, затоа што верувам во квалитетите на нашиот состав“, вели Станковски.

Се вчитува...