Работнички ремизираше без голови против Ренова во првото пролетно коло, а има амбиции за излез во Европа, па не смее да си дозволи да испушта бодови, посебно на домашен терен. Веќе в недела следи нов предизвик за „романтичарите“, гостувањето против Пелистер во Битола.
Тренерот Горан Станковски го анализираше со фудбалерите претходниот меч и јасно е дека ќе мора да се подобри завршниот удар кон противничкиот гол.
„Не успеавме да победиме на пролетната премиера. Посакувавме три бода, но не успеавме да го зададеме завршниот удар. Направивме анализа, ни недостига конкретност во завршницата, тоа последно додавање за да влеземе во шанса за постигнување гол. Но, верувам дека ќе биде подобро веќе на следниот натпревар против Пелистер. Ќе биде тешко во Битола, на Пелистер му се потребни бодови, но и ние имаме свои планови и сакаме да оствариме победа. Знам дека Марјан Секуловски бара голема дисциплина од фудбалерите и се залага за компактност, и јасно е дека не очекува нов тежок натпревар“, изјави Горан Станковски за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА