Станковски: Шкендија е многу силна…Османи: Важна победа за нас

Шкендија успеа да оствари нова победа во прволигашкото друштво, совладувајќи го Работнички на арената „Филип Втори“ со 0-2. Тренерот Ќатип Османи е задоволен од приодот на своите фудбалери кон овој меч, истакнувајќи ја важноста на новиот триумф.

„За нас беше најважно да го продолжиме победничкиот чекор. Одигравме квалитетно, успеавме да постигнеме гол пред самиот крај на првото полувреме и тоа ни даде самодоверба за вторите 45 минути. После пеналот и исклучувањето на Трајчевски, потполно го контролиравме натпреварот“, изјави Ќатип Османи.

Тренерот на Работнички, Горан Станковски, вели дека Шкендија е силен тим и заслужено ги освои бодовите.

„Париравме добро до самиот крај на првото полувреме и потоа примивме гол непосредно пред одморот. Тоа можеби беше клучен момент, исто како и пеналот и исклучувањето на капитенот Душко Трајчевски. Шкендија е многу силна и во една таква ситуација едноставно не можеме да одговориме“, истакна шефот на стручниот штаб на „романтичарите“.

Се вчитува...