Стариџ го извиси Њукасл, се сели во ВБА

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, до крајот на сезоната ќе биде позајмен играч на Вест Бромвич Албион. 28-годишниот фудбалер денес требаше да пристигне во просториите на Њукасл за да ги изврши медицинските прегледи и да потпише за тимот кој го води Рафа Бенитез, но во последен момент ВБА испрати понуда со подобри услови за Англичанецот. Тој веќе е и промовиран во Ветс Бромвич Албион.

Стариџ беше желба и на Интер, „нероаѕурите“ дури планираа да му ја исплаќаат целосната неделна плата од 1250.000 фунти до крајот на сезоната, а потоа да го откупат, но екс-фудбалерот на Челси реши да остане во Англија поради семејни причини. Целта на заминувањето од „Енфилд“ е јасна, Стариџ сака да игра што повеќе за да обезбеди место во репрезентацијата на Англија за СП 2018.

ВБА денеска се засили и со дефанзивецот на Замалек, Али Габр, кој исто така ќе биде позајмен на премиерлигашот до крајот на сезоната.

Се вчитува...