Старт „за во затвор“, а во Англија минува и без жолт картон… (ВИДЕО)

Грубите стартови во Премиер – лигата зачестија, а судиите и понатаму не ги заштитуваат фудбалерите со санкционирање на прекршителите. Така беше и синоќа, на мечот меѓу Челси и Вест Бромвич Албион. Гостинскиот фудбалер Крег Доусон „крвнички“ стартуваше над Давиде Запакоста, но мина и без жолт картон. За среќа, италијанскиот интернационалец мина без посериозни повреди.

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, прв го крена гласот во заштита на фудбалерите, истакнувајќи дека со ваков критериум на судење најголем дел од играчите во Премиер – лигата ќе бидат повредени најмалку еднаш во текот на сезоната.

Се вчитува...