СТАРТЕН СОСТАВ: Со истите фудбалери како со Бугарија ќе се спротивставиме на Грузија

Селекторот Благоја Милевски ги одлучи првите 11 фудбалери за пресметката со Грузија. Стартниот состав ќе биде идентичен како против Бугарија кога одигравме 1-1 во Разград.

Димитриевски ќе биде на голот, а во одбраната Ашковски, Муслиу, Велковски и Алиоски. Во средниот ред Спировски, Барди и Елмас, на крилните позиции Чурлинов и Трајкоски, и во нападот Милан Ристовски. Токму меѓу Спировски и Николов беше дилемата на селекторот Милевски, и на крајот се одлучи за Спировски.

Дуелот се игра вечерва во 20:45 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, и ќе биде прв домашен натпревар во Лигата на Нации за Македонија.

Се вчитува...