Стартот на кошаркарската сезона одложен за седум дена

Новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата лига-мажи наместо на првобитниот планираниот термин 3. октомври, ќе почне седум дена подоцна, односно на 10. октомври.Ова е одлуката која на заедничкиот состанок ја донесоа раководството на федерацијата и претставниците на клубовите од Првата лига-мажи информираат од Кошаркарската федерација на Македонија.

Двете страни заклучија дека поради актуелниот момент, потребно e одложување на стартот на новата сезона за седум дена со оглед дека и во домашната кошарка се појавија случаи на COVID-19. Тимот на Работнички е во карантин токму поради позитивен на коронавирусот во нивните редови.

Клубовите не ја прифатија иницијативата на Федерацијата за играње во „меури“, а беше разговарано и за протоколот за тренинзи и за натпревари кој треба да биде поднесен и одобрен од Комисијата за заштита од заразни болести. Ставот на поголемиот дел од клубовите е дека до тројца заболени во еден тим ќе се сметаат како повредени, а ако има повеќе заразени веројатно ќе треба да следи делумен или целосен прекин на првенството и карантин за сите кошаркари.

Се вчитува...