Стефан Ристовски на позајмица во Олимпијакос до крајот на сезонава

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се очекува наредниве денови и дефинитивно да ја заврши сагата околу клубот во кој ќе настапува до крајот на актуелнава сезона.

Како што пренесува португалскиот „О’Жого“ во финална фаза се преговорите меѓу Спортинг Лисабон и грчкиот Олимпијакос за позајмица на Ристовски до крајот на сезоната.

Стратегот на Олимпијакос, Педро Мартинс силно посакувал во своите редови да го види македонскиот деснокрилен дефанзивец, па во моментов е актуелна опцијата за позајмица до јуни 2021, а потоа дополнително ќе се разгледува можноста Грците комплетно да го откупат договорот на Ристовски од Спортинг.

Од португалскиот тим се решени уште сега да го продадат македонскиот репрезентативец, но извесна е варијатната за позајмица во Олимпијакос, посебно кога пропадна можноста за трансфер во Брага.

Се вчитува...