Стефан Ристовски по преспиената ноќ: Ова е момент кој не се опишува, но оваа генерација не смее да застане само на ова

Како по обичај, еден од најборбените во македонските редови, секогаш неприкосновен во функција на тимот, Стефан Ристовски доживува нова младост за себе по преселбата во Динамо Загреб, сето тоа преточено и во репрезентативниот дрес.

Така беше и синоќа во Дуисбург, еден од најдобрите во македонските редови, сега по преспиената ноќ помирно анализирајќи ги случувањата во Германија и триумфот од 1-2.

„Сега малку со поладни глава кога гледаме, по преспиената ноќ полека всушност како одминува време сфаќаме каков успех си направил. Ова не е да се победи само еден голем фаворит, но да се добие еден светски гигант, повеќекратен светски шампион, селекција која доаѓа од земја во која е клуб како Баерн Минхен од самиот врв на фудбалот. Ова треба да ни даде поттик за продолжението и сила за да не застануваме само тука, но да се продолжи во ист стил“ – истакнува еден од најдобрите македонски фудбалери.

Ова треба да биде силен мотив за настапот и на Европското првенство.

„Да, за овие натпревари се живее. Оваа генерација има неверојатен квалитет, и жално е сето тоа да не се покажува на терен. Се надевам дека сето ова ќе не држи уште долго време“ – вели Ристовски.

Се вчитува...