Стојанче Стоилов е „Маж на годината“ избран од социјалните медиуми

Капитенот на европскиот шампион РК Вардар и член на македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов е избран за „Маж на годината“ согласно гласовите добиени преку социјалните медиуми, во изборот на првиот онлајн магазин за мажи кај нас, Фрајдеј (www.friday.mk).

Стоилов признанието ќе го добие на свечената манифестација на изборот „Мажи на годината“ кој е прв официјален избор кој се одржа во 2018 година со цел да ги препознае најуспешните мажи кај нас. Целта е овој настан да прерасне во традиција и да биде вистински показател на успешните мажи кај нас.

Оваа година второто издание на Мажи на годината 2019 ќе се одржи на 27. ноември (среда) во Double Tree by Hilton Skopje, и ќе има еден поинаков пристап кон работите. Гала вечерта која ќе биде налик големите настани на црвените килими ќе биде исполнета со богата содржина. Како и минатата и оваа година ќе се бираат 10 најуспешни мажи во категориите Маж на годината, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Млад маж на годината, Маж на годината со најголем придонес во спортот, Маж на годината со најголем придонес во културата, Маж на годината со најголем придонес во општеството, Маж на годината со најдобар стил, Маж странец  и Маж на годината во избор на социјалните медиуми. Настанот кој ќе се одржи во еден од најлуксузните хотели кај нас ќе биде спој на гламур и елеганција со што сигурно ќе биде еден од настаните кои ќе ја одбележат годината кај нас.

Редакцијата на ЕКИПА, како и минатата, и оваа година е медиумски покровител и дел од жири комисијата за изборот на „Маж на годината“.

Се вчитува...