Македонскиот пливач Андреј Стојановски, заврши на осмото место во финалето на 1.500 метри слободно со што го заокружи успешниот настап на Олимписките игри за глуви што се одржуваат во Самсун, Турција. Стојановски беше осми и во квалификациите во оваа дисциплина, а истиот пласман го потврди и во финалната трка со време од 17:12.39 минути.
Златниот медал на 1.500 метри му припадна на Јапонецот Сато Фуџиара (15:37.64), среброто го освои Фердерико Тамборино од Италија (16:00.93), а бронзата заврши кај Артур Пиоро од Полска (16:33.91).
На ОИ во Самсун, Стојановски настапи во три дисциплини. Најдобар пласман постигна во трката на 400 метри мешано во која го освои 4.место, на 400 метри слободно беше петти и во последната трка на 1.500 метри го освои 8.место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА