Тежок злочин во Сан Антонио од страна на УФЦ-борец кој во сојузната држава Тексас во САД ранил осум лица.
Откако редарите во еден ноќен клуб, на извесна група млади лица, не им дозволила влез во клубот, под големо влијание на алкохол регистрираниот УФЦ-борец кој бил дел од групата отишол до својот автомобил од каде се вратил со автоматска пушка и почнал да пука кон присутните.
„Не знаете ли кој сум јас? Јас сум познат УФЦ борец од Калифорнија“ – биле последните зборови упатени кон редарите пред да почне да пука.
Chief McManus provides media briefing on shooting with 8 victims on the 8100 block of Broadway. FULL VIDEO ➡️➡️ https://t.co/hKKoERaTO1 pic.twitter.com/hSALIEzJYf
— San Antonio PD (@SATXPolice) June 13, 2020
Според официјалниот полициски извештај, пет жени и тројца мажи на возраст од 23 до 41 година се ранети но, за среќа, сите се надвор од животна опасност.
Сторителот веднаш по настанот избегал од местото и, иако е идентификуван, се уште полицијата трага по него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА