Свечено отворени Младинските Олимписки Игри во Дакар: Македонија со тројца претставници! (ФОТО)

Синоќа свечено отворени Младинските Олимписки Игри 2026 кои наредниве две недели ќе се одржуваат во Дакар, Сенегал.

Македонски знаменосец на свеченото отворање на Игрите беше триатлонецот Марио Брезовски, предводник на македонската делегација.

Македонија во Дакар ќе биде претставувана од тројца млади спортисти.

Покрај Брезовски кој ќе се натпреварува во спринт триатлон, во Дакар се и атлетичарката Ева Митевска која ќе се натпреварува на 100 метри како и пливачот Петар Цеков кој ќе се натпреварува на 400 метри и 800 метри слободно.

Се вчитува...