Марк Маркез славеше во Малезија – Има „меч топка“ за титула!

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната трка за Големата награда на Малезија во шампионатот Мото ГП.

Маркез дојде до својата седма победа сезонава во Сепанг и е на прагот да ја одбрани титулата откако неговиот главен ривал Хорхе Мартин од Априлја заработи скршеница на зглобот.

Возачот на КТМ, Педро Акоста, го освои второто место, додека Алекс Маркез од Гресини беше трет. Аи Огура заврши на четвртата позиција.

Енеа Бастијанини, Марко Бецеки, Лука Марини, Фабио ди Џанантонио, Бред Биндер, Франко Морбидели, Фабио Куартараро, Алекс Ринс, Франческо Бања, Маверик Вињалес и Икер Лекуона исто така освоија поени.

Марк Маркез води во генералниот пласман со 399 поени, Мартин е втор со 355, а Бецеки е на третото место со 332.

До крајот на сезоната во шампионатот Мото ГП останаа уште три тркачки викенди, а следниот ќе биде од 6 до 8 ноември во Катар.

Се вчитува...