Наковски Волеј и Газели единствените две непоразени екипи во женската одбојкарска лига

Одбојкарките на ОК Наковски волеј и Газели волеј остануваат единствените две непоразени екипи по третото коло во Првата лига жени, откако се радуваа со максимален резултат над своите ривали Јанта Волеј, односно Вардар Скопје.

„Трета среќа“ за Младост УГД, кој повторно играше меч во пет сета, но сега успеја да слави со 3-2 над шампионот Работнички.

ОК Струмица со пресврт го совлада ОК Пелистер пред својата публика, а Фламинго Волеј ја запиша првата прволигашка победа во својата клупска историја во соочувањето со Фит Фан Волеј.

Комплетните резултати и табела по третото коло може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...