МЕГА-пресметката ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР вечерва во „Јане Сандански“!

Македонскиот спорт, без сомнение, денеска живее за ракометната мега-пресметка меѓу Вардар и Е. Пелистер во домашниот шампионат, која се игра со почеток од 17:45 часот (директен пренос на МРТ) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

„Црвено-црните“ можеби и токму преку овој дуел почнуваат со одбраната на минатогодишната титула, против сигурно најголемиот предизвикувач.

Па, вечерва избраниците на Иван Чупиќ, пред веќе комплетно распродадената сала, се впуштаат на мегдан против вечниот ривал кој во моментов има осум едноподруго победи.

„Најголемо дерби во Македонија и на Балкан. Се надевам дека пред полна сала ќе продолжиме со победи во Лигата. Знаеме дека ова е маратон и дека има уште многу до крај. Ќе има многу тензии и емоции од сите страни. Се надеваме на победа и првата четвртина да ја завршиме победнички. Вардар секогаш кога игра дома е фаворит и така мора да е и Сега. Во наша сала никој не може да е фаворит. Сите знаат колку го почитувам Лино, но немам некое посебно чувство бидејќи не се важни ниту Лино, ниту Иван туку само Вардар да победи во недела“, изјави Чупиќ пред дербито.

Поранешниот хрватски репрезентативец на спротивната страна ќе го има својот учител од Хрватска, искусниот Лино Червар на клупата на Е. Пелистер.

 

 

Како што информираат од Вардар, пред почетокот на натпреварот, од таборот на Вардар најавија спектакл. Заедно со „Комити“ подготвуваат посебна кореографија, со која дополнително ќе ја вжештат атмосферата во „Јане Сандански“.

Се вчитува...