Шкендија Арачиново и Тиквеш одиграа без победник (1-1) во првиот натпревар од 12.коло во Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот во Чаир, арачиновци поведоа со голот на Симоновски уште во 6.минута од средбата.
Во продолжението на првиот дел Тиквеш имаше две убави шанси преку Лавал и Окере за израмнување, но не успеа во тоа.
Сепак, кавадарчани израмнија во вториот дел преку Лусианињо во 76. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
