Прв гол на Чолаковски сезонава, за победа на Перт Глори (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски го запиша првиот гол за Перт Глори сезонава во најсилната австралиска лига.

Перт Глори триумфираше против Аделаида Јунајтед со 4-0, а Чолаковски стрелаше во 33. минута за водство од 3-0 во тие моменти за својот тим.

Чолаковски играше до 63.минута, кога ја напушти играта.

Се вчитува...