Динамо Загреб му врачи отказ на тренерот кој му донесе двојна круна

Марио Ковачевиќ повеќе не е тренер на Динамо Загреб. Поразот од Рудеш (1-0) му пресуди на Ковачевиќ кој ќе ги напушти „сините“ по 17 месеци.

Клубот го водеше во 73 натпревари, забележа 48 победи, 11 нерешени и 14 порази.

Минатата сезона, тој му донесе „двојна круна“ на тимот од Загреб.

По неговото заминување, тимот привремено ќе го води Јерко Леко, тренерот на Б-тимот на „сините“. Тој ќе биде на клупата во натпреварите против Сандерленд и Вараждин.

Овој 51-годишник пред Динамо водеше неколку хрватски клубови, последниот во серијата беше Славен Белупо до 2025 година.

Се вчитува...