Македонската машка ракометна репрезентација денеска, под водство на селекторот Кирил Лазаров во хотелот „Александар Палас“ во Скопје го означи првиот собир за престојните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Македонските ракометари ги пречека маскотата на националниот тим, Шарпланинецот „Шарко“… Меѓу нив пречекан за првпат и натурализираниот Украинец, Дмитро Горига кој одлучи да игра во иднина за Македонија.
Македонија во квалификациите е во групата 8, заедно со Шведска, Грција и Луксембург. Прв противник во квалификациите е селекцијата на Луксембург. Натпреварот ќе се игра во среда (5 ноември), со почеток во 19 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, додека четири дена подоцна Македонија и гостува на Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА









