Македонската ракометна репрезентација се собра денеска за новиот квалификациски циклус, првиот меч го игра веќе в среда, па затоа изненадување е што вечното дерби викендов беше закажано токму за недела.
Поради ова, шестмина ракометари (два на Вардар, четири на Е. Пелистер) дури вечерва ќе му се стават на располагање на стручниот штаб на чело со селекторот Лазаров.
„Дерби на ден на собир е несекојдневно, нешто што ни се немаше случувано минатите години, но што е тука е, во ниту еден случај нема да го користиме како некакво си алиби. Немаме време за плачење, тоа е што е… Ситуацијата е таква каква што е, само се надевам дека играчите ќе дојдат овде здрави, за да можеме од утре да ги одработиме овие мини-подготовки и максимално да го дочекаме натпреварот со Луксембург. Моја желба како селектор за дербито? Не навивам за никого, сакам само македонските играчи да работат добро во нивните клубоби, да добиваат шанса и да бидат живи и здрави за да можеме да ги имаме во оптимална форма за претстојното СП во Германија во јануари“, прокоментира Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
